Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“, што ќе се одржи денеска, четврток, со почеток во 13:30 часот во прес центарот на ЦИВИЛ во Бизнис центар „Палома Бјанка“.
Учесници на панелот ќе бидат заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска и Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за урбанизам и заштита на животна средина во Општина Шуто Оризари. Модераторка на панелот ќе биде Биљана Јордановска.
Настанот ќе ќе се пренесува во живо, на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и видео каналот на Јутуб на ЦИВИЛ.
Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во сорабтока со Фондацијата Хајнрих Бел.