Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“, што ќе се одржи на 25 август, четврток со почеток во 12:30 часот.
Учесници на панелот се Ива Петрунова магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки, Тони Поповски, архитект, политиколог, независен консултант, колумнист и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода.
Што се зелени вредности, како да постигнеме здраво општество во кое бенефит ќе имаат и природата и луѓето, колку урбаното живеење придонесува кон негување на зелените вредности, заштита на животната средина, нои просторот на живеење и делување, колкав е данокот на урбаната (не)култура по човечкиот живот и економската, социјална и еколошка благосостојба се теми на кои ќе зборуваат учесниците.
Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во сорабтока со Фондацијата Хајнрих Бел.