При развој на модерните општества и цивилизации, и во тој контекст со човечката самореализација, преку доминација и искористување на природата, извесен период, особено во 60-те години, се појавила потреба да се препознаат првите еколошки кризи, односно да се препознае фактот дека треба да се работи на јакнење на еколошката свест. Во таа насока преку еден холистички пристап, во тој процес на мислење и акција се јавила и потребата за втемелување и промовирање на нешто што е наречено зелени вредности, каде освен зелените политики влегуваат слободата, демократијата, владеењето на правото, антидискриминација, социолошката правда, трансформацијата на општеството која ќе биде во корист на сите, економската и социјалната благосостојба, како и негување на разновидноста на природниот свет.
За зелените вредности на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“, зборуваа Ива Петрунова магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки, Тони Поповски, архитект, политиколог, независен консултант, колумнист и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода.
Според Ива Петрунова, зелените вредности се нераскинлив дел од секој човек и затоа е потребно за здравјето на луѓето да има доволна застапеност на природата.
„Во нашето општество природата не е доволно застапена. Според нашите закони 25 метри квадратни по глава на жител треба да има зеленило, а зеленилото не е многу застапено“, смета Петрунова.
„Зелените вредности се апсолвирани, вклучувајчи и во Македонија, рефлектирани во Уставот, и во Законот за животната средина… Тие се општо прифатливи, до еден момент до кој се додека не стане збор за инвестиции. Тешко ги имплементираме во нашето општество… Има тренд на соодветно адресирање на овие предизвици, но само на хартија. Не сум најзадоволен како ги практикуваме зелените вредности во нашето општество“, изјави Тони Поповски.
„Пред три децении не можам да кажам дека имаме добра ситуација. Зелените вредности немаат доволно пристојни разбирање. Тие не се познаваат, ниту прифаќаат од индивидуи кои се повикани тоа да го направат, оние кои ги креираат политиките и практиките во земјата. Разочарувачко ниво… И на глобално ниво зелената агенда е под тешка закана, војната во Украина ги попречи плановите, има драматично поместување на трендовите“, се дел од заклучоците на претседатело на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
Учесниците збооруваа и за урбаното живеење и култура во конткест на зелените вредности, однсоно зелениот урбанизам.
„Не може генерално да се каже дали има или нема урбана култура.. Зелените вредности се потценети, а зеленилото не е само екологија, туку има покомплексни вредности и недостигот на зеленило влијае врз модерните болести, депресија, анксиозност…“, заклучува Петрунова.
„Зелениот урбанизам е специфичен предизвик… Општините нема да можат да се справат ефикасно ако не се создаде соодветна регулатива за преземање соодветни мерки, а тоа се однесува на урбанистичките планови. Треба да се унапредуваат урбанистичките стандарди, да се оплеменува просторот да биде хуман и здрав за живеење… Неопходни се компетентни луѓе, да се размисли кому даваме поддршка и да се побара одговорност од субјекти, политички партии, граѓански организации, да се инсистира на компетентност“, вели Поповски.
„Скопје и земјата минаа низ еден урбанистички масакр во изминатите деценија и пол и повече. Сериозен удар што подразбира урбанизам во една земја. Го живееме политичкиот атак врз урнабистичкиот живот што се доживеа во времето на Груевски. Остава трага врз изгледот на градот и општественото ткиво… Зеленета агенда е скапа играчка и бара релевантни, стручни и посветени луѓе да инвестираат во неа, во духот на европската. Секоја инвестиција во зелена агенда и урбанизмот се враќа, но зелените вредности и владеењето на правото се многу важни и ќе донесат многу повеќе профит за сите. Политичарите со малку повеќе труд, чесност, посветенот, со ангажираност на млади луѓе и транспарентност да профирираат многу повеќе, отколку да си занимаваат со корупција и криминал“, смета Дерала.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети