Што е еколошки криминал, колку е распространет, како се регулира, како да се превенира, кој е надлежен за негово санкционирање, кои се последиците и кој ја сноси одговорноста за еколошки криминал, но и предизвиците со кои се соочуваат надлежните органи се теми на кои на Панел дискусијата организирана од Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) говореа Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација на работата на ДИЖС.
-Веќе 15 години работиме со еколошкиот криминал или криминалот во животната средина. Мислам дека имаме одлични, искусни експерти во сите институции, само ни фали една добра организација. Имаме и водичи и сметам дека се е во рацете на МВР. Битна е и политичката волја, но и да сакаме и да не сакаме, согласно претпристапното членство во ЕУ, од март се отвора скринингот за поглавјето 27 (животна средина и климатски промени), што значи дека ние ќе влеземе во процедура и секој пат овие извештаи како и за директивата за еколошки извештаи ќе не прашуваат до каде сме. Така што сите тие препораки на некој начин значат облигација и по моја оцена мислам дека за не повеќе од шест месеци можеме да се преструктуираме доколку се формира еден таков оддел во МВР и сите овие институции преку овие водичи и стандарно и оперативни процедури бидат вмрежени. Регулаторниот циклус вели дека треба да имаме многу добра организација, добри делови на законодавството, примена и спроведување на законите. Потоа треба да се направат анализи за во иднина што треба да се менува, потенцира Блинков.
-Со измените на Кривичниот Закон кои што беа барани од Извештајот на ЕК од 2020 година се во постапка и ќе дојдеме во ситуација сите овие работи кои ги разговараме денеска ќе мора многу брзо да ги имплементираме. Сепак клучниот проблем сметам дека е координацијата помеѓу клучните институции и потребно е посебно одделение во МВР, бидејќи од тука почнува целата истрага, со тоа што во иднина ќе мора да направиме напор тоа одделение да се искоординира и секако во делот на судството потребна е реорганизација на обвинителите и судиите во делот на специјализирање за еколошкиот криминал, вели Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи.
Б. Јордановска
подготви: Д. Варошлија
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети