Со оглед на тоа што светот веќе е 1,2 степени потопол отколку во прединдустриското време, научниците веруваат дека затоплувањето овој век најверојатно ќе се позиционира некаде помеѓу два или три степени. Извештајот на ОН објавен оваа недела пред климатската конференција КОП27 во Египет го потврдува тој опсег. Декарбонизацијата ги направи најстрашните предвидувања најверојатни, додека најнадежните беа исклучени со трагично одложување, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Тоа сценарио е подобрување во однос на претходните проекции, но сепак се претвора во сериозно нарушување. Со секој дел од степенот на затоплување, десетици милиони луѓе ширум светот ќе бидат изложени на опасни по живот топлотни бранови, недостаток на храна и вода и поплави. На глобално ниво, унифицираната акција за климатските промени продолжува да биде предизвик.
Руската инвазија на Украина можеби имаше позитивно влијание врз климата. Според Меѓународната агенција за енергија, енергетската криза предизвикана од војната веројатно ќе го забрза преминот од фосилни горива кон почисти технологии. Но, таа промена не се случува доволно брзо за да се избегнат опасните нивоа на глобално затоплување, велат од агенцијата.
Во својата анализа, Њу Јорк Тајмс: „Забележително е дека многу од овие нови цели за чиста енергија не се поставени само поради климатски промени“, рече Фатих Бирол, извршен директор на I.E.A. „Сè повеќе, големите двигатели се енергетската безбедност, како и индустриската политика – многу земји сакаат да бидат на водечката позиција во енергетските индустрии во иднината“.
Подготви: Д. Мишев