На денешната конференција „Зелена агенда за Западен Балкан“, во организација на Институтот „Аспен“, Германија, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ана Лурман, германска министерка за клима во Европа, за влијанието на руската агресија во Украина врз зелената агенда на Европа и на Западен Балкан.
ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите размислувања во однос на стратегијата на руската агресија врз Украина? Последиците се прилично мрачни во областа на зелената агенда. Кои се вашите размислувања во однос на агендата? Што треба да се промени во однос на зелената агенда на Западен Балкан, како и во Европа?
Лурман: Па, руската агресија врз Украина јасно покажа дека Русија не е доверлив партнер, а кога станува збор за снабдување со енергија, тоа јасно значи дека мора да ја забрзаме нашата транзиција кон обновливи извори на енергија, да ја забрзаме нашата транзиција од фосилни горива, затоа што моменталните кризи што ги гледаме се поради тоа што сите сме толку многу зависни од гас, од јаглен, а цените на овие фосилни горива експлоатираат на светските пазари и единствениот одговор на ова е да се инвестира во обновливи извори на енергија. Ние планираме да бидеме 100 проценти на обновливи извори на енергија во Германија до 2030 година, така што го забрзуваме овој процес сега со низа закони што ги имаме донесено во изминатите неколку месеци. А особено, олеснување на граѓаните за инсталирање на соларни панели на нивните кровови и така натаму, а ние цврсто веруваме дека една високо индустријализирана земја како што е Германија, може 100 проценти да се потпре на обновливи извори на енергии.
ЦИВИЛ Медиа: Балканските земји се сиромашни земји, растргнати помеѓу национализмот од една страна и широко распространетата корупција од друга страна. Дали мислите дека сиромашните земји, како што се земјите од Западен Балкан, имаат некаква шанса да навистина ја постигнат амбициозната зелена агенда? Особено во дадените околности, со војната во Украина и другите кризи што го погодуваат светот?
Лурман: Да, секако. Затоа што до сега, обновливиот извор на енергија е најевтиниот облик на производство на енергија, затоа што цените што скокаат моментално, скокаат затоа што цените за природен гас, за јаглен, експлоатираат на светските пазари. А, единствениот облик на производство на енергија што останува постојано евтин е обновливиот извор на енергија. Затоа работиме денес тука и работиме воопшто како ЕУ, како Германија за поддршка на земјите од Западен Балкан да инвестираат во обновливи извори на енергија колку што е можно повеќе и оттука и да се генерираат работни места, да се генерираат извори на евтина енергија.
На прашањето дали се прашани македонските власти зошто во една сончева земја како Македонија воопшто нема соларни панели, Лурман одговори дека и покрај сите предрасуди треба да се разбере дека обновливата енергија е евтина и доверлива.
„Па, јасно се залагам секаде каде што одам, за повеќе инсталации на обновливи извори на енергија, како што се соларните панели, а особено тука во Северна Македонија условите се навистина добри за соларна енергија. Од секогаш имало голем број предрасуди против обновливите извори на енергија, но веќе технологијата е толку напредната што навистина функционира многу добро. Истата е станата многу евтина и многу доверлива, така што навистина ги повикувам сите земји од Западен Балкан да ја донесат и соодветната правна рамка за обновливи извори на енергија, како и да може да се придонесува во мрежата“, изјави Лурман.
Џабир Дерала
камера: Ариан Мехмети
монтажа: Б. Јордановска
подготви: Н. Цветковска