Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Еколошки криминал – предизвик за македонското законодавство“, што ќе се одржи на 28 октомври, петок, со почеток во 13:00 часот.
Учесници на панелот се Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација на работата на ДИЖС.
Што е еколошки криминал, колку е распространет, како се регулира, како да се превенира, кој е надлежен за негово санкционирање, кои се последиците и кој ја сноси одговорноста за еколошки криминал, но и предизвиците со кои се соочуваат надлежните органи се теми на кои ќе зборуваат учесниците.
Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.