Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

„Зелена читанка“ во Гостивар – граѓанска едукација за зелените вредности

15/11/2022
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
„Зелена читанка“ во Гостивар – граѓанска едукација за зелените вредности

фотографија: Г. Наумовски

Share on FacebookShare on Twitter

Публикацијата „Зелена читанка“, во издание на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел, е резултат на работата на истоимениот проект наменет за развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани на факти за зелените прашања и зелените вредности. Целта на публикацијата е, на лесно разбирлив начин, да придонесе кон подобрување на нивото на знаења за зелените прашања и зелените вредности. „Зелена читанка“, во електронска и печатена форма, е наменета за широк спектар на читателки и читатели, а особено може да биде корисна за носителите на одлуки и нивните тимови за односи со јавноста, граѓанските организации, институциите и медиумите за почетно, но и продлабочено запознавање со зелените прашања.

Во таа насока, Зелен ЦИВИЛ ја презентираше и промовираше публикацијата „Зелена читанка“ во Општина Гостивар. На средбата со градоначалникот се разговараше и за зелените прашања и зелените вредности, како и за проектите на кои работи Општината во контекст на Зелената агенда.

Градоначалникот Арбен Таравари ги сподели последните информации со решавањето на проблемот со депонијата „Русино“. Како што информираше градоначалникот, се очекува „Русино“ да постане санитарна депонија по сите стандарди, иако до сега е завршена половина од работата, односно реализирани се интервентните мерки на депонијата.

Зелен ЦИВИЛ остави повеќе примероци на печатеното издание на „Зелена читанка“ со надеж дека ќе бидат, како едукативен и информативен материјал, доставени до граѓанките и граѓаните, граѓанските организации и на сите оние што ќе им послужи за подобро запознавање со зелените прашања.

Публикацијата е објавена на 134 страници и содржи 34 текстови со повеќе од стотина поими од областа на зелените прашања. Публикацијата е конципирана на тој начин што остава можност за проширување и осовременување на материјата во иднина. Објавена е на македонски и албански јазик и може да се преземе од greencivil.mk.

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL