„Во БиХ поимот циркуларна економија е тотално непознат и токму затоа се приклучивме кон оваа иницијатива, ние имаме премногу политички проблеми, особено во повоениот период и токму затоа ни е потребен развој за пополека да станеме дел од Европската унија“, вели Самир Агиќ од здружението КОД од Јајце, БиХ, кој учествуваше на дводневната конференција на мрежата „Logex“.
https://youtu.be/45aXkFK-0QY?t=77
Агиќ вели дека цел Западен Балкан треба да посвети внимание на животната средина, но и на економијата кои треба бидат приоритети на политичките чинители.
„Во нашата земја политичарите не се баш расположени за овие теми, сепак ние сметаме дека ако имаме одржлива економија со добар процес на производство и профитабилност, ќе можеме да ги убедиме младите да останат во земјата и да ги развиваат своите бизниси па и живот дома“, додава тој.
*
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија.
подготвил: А. Ристески
камера и монтажа: Ариан Мехемти
https://civilmedia.mk/agik-kod-jajtse-ne-gi-razbiram-golemite-statui-vo-tsenarot-na-skopje/