Извршниот директор на Балкан Форум, Астрит Истрефи во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели дека земјите од Западен Балкан треба да работат изедначено и заедно да ги ублажат ефектите од енергетската криза.
Тој додава дека агендата на Балкан Форум, покрај тоа што ги опфаќа спорните надворешни политики, става акцент на градењето мостови помеѓу општествата кои некогаш биле во конфликт или се уште се, кои се заложници на неодговорноста на политичарите.
„Земјите треба да работат заедно не само како Западен Балкан, туку и пошироко со Европа и на глобално ниво за да ги ублажат ефектите од енергетската криза“, вели Астрит Истрефи.
Истрефи додаде дека уште од почетокот на иницијативата на Балкан Форум се поддржува доброто образование и развојот на општества, за да се спречи т.н „одлив на мозоци“ во странство, но ја истакнува и работата со дијаспората, не таа финансиски да помага туку да сподели искуства кои ќе помогнат во развојот на земјите од Западен Балкан.
Балкан Форум е една од иницијаторите за формирање на „LogEx“ мрежата.
*
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија
камера и монтажа: Ариан Мехмети
https://civilmedia.mk/astrit-istrefi-balkan-forum-ruskata-propaganda-na-balkanot-e-zagrizhuvachka-a-zakanite-za-bombi-eden-den-nema-da-bidat-samo-zakani/