Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Данокот на јаглерод е предвиден во новиот Закон за климатска акција

21/12/2022
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Deadline for exchange of experiences on transition from coal to environmentally friendly energy sources extended
Share on FacebookShare on Twitter

Намалување на јаглеродните емисии кои придонесуваат за климатските промени преку оданочување на користењето на фосилни горива во производството, е идејата на данокот на јаглерод што ги чека и македонските компании кои извезуваат во Европската Унија. Претставниците на земјите-членки веќе го потпишаа воведувањето на механизмот за прекугранично оданочување на јаглеродните емисии. Новиот договор е централен дел од стратегијата на Унијата за нула емисии на јаглерод до 2050 година и треба пред да стапи на сила во 2026 година да биде и формално договорен од лидерите во Советот на Европа и да стане дел од европското право со усвојување во Европскиот парламент.

Од Министерството за животна средина информираат дека jаглеродниот данок кај нас ќе биде воведен како посебно поглавје на Закoнот за климатска акција. Нацрт верзијата на законот е готова и ќе биде објавена на ЕНЕР за десетина дена, велат од МЖСПП.

„За функционалноста и конкретниот дизајн на јаглеродниот данок ќе треба да се изработи подзаконски акт. И висината на данокот сè уште не е дефинирана, но наша цел е таа да се усогласи на регионално ниво. Планирано е да се воведе пред да стапи на сила одлуката на ниво на ЕУ и средствата да се прибираат во националната државна каса. Тие ќе бидат наменски, исклучиво за инвестирање во активности со кои се реализираат климатските цели од Договорот од Париз и ревидираните придонеси кон Договорот од Париз- зелени технологии, обновливи извори на енергија и слично“, велат од Министерството.

Граѓанските организации во земјава апелираат данокот на јаглерод да биде што поскоро дефиниран со оглед на тоа што оваа давачка е предвидена и во Стратегијата за енергетика. Сметаат дека колку побрзо се воведе, толку повеќе време ќе имаат домашните компании да се прилагодат на обврските кои ќе ги наметне европскиот механизам во 2026 година.

Според Невена Смилевска од „Еко свест“, капацитетите кои извезуваат во ЕУ и кои ќе подлежат на ова оданочување, три години пред воведување на таксата ќе имаат обврска да известуваат за своите емисии и да се подготват за своите обврски. Единствен начин да бидат ослободени од прекуграничното оданочување е да плаќаат данок на јаглерод дома.

„Сакале или не, нашиот бизнис сектор ќе плаќа јаглеродна такса. Прашањето е само дали тие пари ќе се слеваат во домашниот буџет или ќе одат во ЕУ. Засега не се знае дали Европската Унија ќе ги врати парите преку инвестиции во земјите надвор од неа или не, бидејќи според актуелните прописи тие пари би останале кај нив“, вели Смилевска.

Екологистите сметаат дека овие средства кои би се собирале во буџетот треба да се искористат за решавање на последиците од затворањето на термоелектраните. Во С. Македонија има два, а на Западниот Балкан има 14 региони кои треба да доживеат транзиција. Смилевска смета дека за навистина да се обезбеди праведна транзиција во сите овие региони мора да се создаде наменски Фонд во ЕУ, што ќе овозможи да се спроведат најважните проекти.

Според Студијата за данок на јаглерод, се предлага постепено воведување на данокот на јаглерод кое треба да се најавува неколку години однапред. Претпоставките се дека без воведување на таксата, емисиите од енергетиката во С. Македонија во 2030 година ќе се намалат вкупно за околу три проценти во однос на емисиите во 2017 година, додека, пак, со воведувањето на ваква обврска намалувањето на СО2 би достигнало до околу 40 проценти во 2030, односно 42 проценти во 2040 година.

извор: МЕТА

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL