„Заглавени сме во политичката криза која доста влијае врз пристапниот пат, неколку пати ја менуваме работната група која се занимава со различни поглавја, има огромен политички проблем, како што е делот на судскиот систем, така што треба да го решиме тој политички предуслов да се оди понатаму“, вели во интервју за ЦИВИЛ Медиа, Игор Милошевиќ, од НВО АДП-ЗИД, Црна Гора, кој учествуваше на дводневната конференција на мрежата „Logex“.
Тој додава дека еден од горливите проблеми, кој има влијание врз животната средина загадувањето, но најмногу корупцијата е токму градежната мафија. Токму политичката криза е таа што го кочи процесот на донесување на деталните урбанистички планови и неконтролиранотото градење во некои градови.
*
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија.
https://civilmedia.mk/miloshevik-adp-zid-tsrna-gora-tsirkularnata-ekonomija-ke-otvori-novi-rabotni-mesta-i-novi-biznisi/