Меѓународни искуства беа споделени на дводневната работилница на LogEx која се одржа во Скопје, во врска со предизвиците и можностите кои треба да се применат во земјите од Западен Балкан во однос на транзицијата кон циркуларната економија.
Целта на заедничката работилница беше да се споделат знаењата за различните теренски практики на циркуларната економија преку последниот развој во Европа, Америка, Дубаи и да се обидат да ги премостат, или поконкретно да ги внесат овие неверојатни практики во контекстот на Западен Балкан.
Исто така, една од значајните поенти беше значењето на циркуларната економија од деловна гледна точка во претприемништвото, имплементацијата на политиките и енергијата. Не само од бизнис (приватен сектор) гледна точка, туку и улогата на Владите во овој процес.
Покрај тоа, дискусијата за значењето на обновливите извори на енергија и достапните обновливи ресурси не само како дел од циркуланата економија, туку и како исполнување на други социјални проблеми, како што е намалувањето на сиромаштијата.
Експертите од најразлични области, претставници на невладини организации од Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, покрај главната тема- циркуларната економија, разговараа и за искуствата од нивните земји, тамошната култура, меѓуетничките односи, енергетската криза, ЕУ интеграциите…
Загадувањето и Балканот
„Работам како истражувач за регионалната невладина организација „Балкан форум“. Се фокусирав на Циркуларната економија, но и на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ. Токму затоа ја оформивме оваа алијанса Logex, која е конзорциум на организации од сите шест земји од Западен Балкан, обединети со иста волја за унапредување на циркуларната економија во регионот“, вели Жил Штрифлер.
Тој појаснува дека минатата година бил организиран и настан наречен „Недела на циркуларна економија на Западен Балкан“, каде што разговарало за патоказот кој треба да го следат овие земји за да се подобри и економијата и животната средина.
Многу често земјите од Западен Балкан се наоѓаат и на листата на најзагадени во светот, а токму борбата за чист воздух е една од целите кои треба да ја исполнат за да се приближат кон „Зеленото сценарио“
„Живеев во Сараево, па Скопје и сега Приштина и затоа имам малку искуство со загадувањето на воздухот. Минатата недела бев во Берлин на Форумот за граѓанско општество, во рамките на Берлинскиот процес. Таму ги слушнав бројките за жртвите за загаденоста на воздухот во регионот и тоа е фрапантно. Мислам дека промената ќе дојде – се разбира дека ќе го дадеме нашиот придонес, но мислам дека оставаме подвижна точка затоа што треба доволно да се справиме со средината, односно граѓаните во однос на квалитетот на воздухот или во однос на управувањето со отпадот“, вели Штрифлер.
Се надевам Русија ќе се ослободи од криминалецот Путин
Тој по потекло е Французин, но извесен период веќе ги следи состојбите на Балканот и како што вели националистичките чинители на овие простори го прават својот бизнис од тешкотиите на луѓето.
„Мислам дека политиката служи да се извлече максимумот од поделбата, да се поделат луѓето и да се трупа капитал. А срамно е на овој начин на постапување затоа што луѓето само сакаат мир, стабилност и да живеат во хармонија еден со друг. И мислам дека секој друг, кој проповеда за поделба на заедниците, за вртење едни против други, е криминалец, додава тој коментирајќи ја политичката состојба на Балканот“, вели Штрифлер.
Тој вели дека не е дел од процесот на одлучување, но приоритет на „Балкан форум“ е зачувувањето на мултиетничкото косовско општество и дека потпалувачката реторика треба јасно да се остави зад себе, и секоја страна која тврди дека прибегнувањето кон насилство е решение наместо мирен дијалог е криминал.
„Прво, сакам да наведам, да ја пофалам храброста и издржливоста што ја покажаа украинскиот народ, владата и војската. Ако оваа војна заврши, секако посакувам – мојата најсилна желба е дека некое време, што е можно поскоро, Украина повторно ќе биде мирна, обединета и ќе го врати својот целосен суверенитет вклучувајќи ги Донбас и Крим, а за Русија посакувам дека ќе се ослободи од криминалецот Владимир Путин затоа што прави грозни работи. Тој е срам за своите граѓани, за Европа и за светот“, вели тој.
Скопје е како различни парчиња пита од јаболка
„Секој град има свои врвни моменти, Сараево на пример со Башчаршија која е една од ваков вид, со оваа комбинација на австроунгарска архитектура и оваа комбинација на бруталистичка архитектура и на пример, а Скопје има многу добра разновидност во однос на населбите. На пример Кисела Вода, Градски парк, Чаир сите се како разни парчиња вкусна пита со јаболка“, вели тој.
Според него Приштина е навистина, како го извлекува максимумот од програмите за промоција.
„Мислам на пример за програмата Манифеста, која траеше 100 дена и привлече меѓународно внимание. И она што можам да го кажам беше навистина извонредно во ова е тоа што го стави акцентот на прикажување на локални уметници. Тоа беше изданието Манифеста со најсилен процент на локални уметници како дел од оваа рамка. Значи, Западен Балкан нема да биде целосен без Косово, нема да биде целосен без Северна Македонија, нема да биде целосен без Босна и Херцеговина“, вели тој.
Што е LogEx?
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот.
Како разновидна заедница, LogEx работи на решавање на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во регионот и го олеснува заедничкото учење и соработка и работи на градење човечки капитал, зајакнување на кружната економија, намалување на невработеноста и миграцијата.
Исто така LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркулатната економија и безбедноста и развива стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат за да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани, но најмногу да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија, бидејќи ова е еден нов концепт кој допрва треба да се развива на Балканот. Сите здруженија од земјите од Западен Балкан имаат сличности околу заедничките цели, но и проблеми со кои се соочуваа.
Затоа средбата во Скопје, послужи како добра основа за дискусија и трасирање на патот напред кон подобрување на состојбите во регионот преку стратегии кои ќе ја понудат циркуларната економија како едно од решенијата. Покрај претставнци на организациите, на средбата на LogEx беа присутни и претставници од универзитети и експерти во областа.
Соња Танеска/ЦИВИЛ Медиа
камера и монтажа: Ариан Мехмети