По 11-ти пат, денеска и утре се одржува меѓународната научна конференција „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“ во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција како и списанието „Журнал“ за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД. Медиумски покровител на конференцијата е Цивил Медиа.
https://www.facebook.com/watch/live/?ref=external&v=1598442800607167
Оваа година конференцијата се одржува со физичко присустви и on-line преку платформата ZOOM. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде посветена на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“. За конференцијата се пријавени 47 трудови/презентации од 12 земји, информира Д-р Рубин Земон, претседател на Програмскиот Комитет на конференцијата.
Конференцијата започна денеска (18 јануари 2023), со почеток во 11 часот, во Македонска академија на науките и уметностите, Куќа на Уранија во Охрид, а завршува утре на празникот Водици.
Свое обраќање на конференцијата покрај д-р Рубин Земон, имаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, Перко Божиновски заменик градоначалник на Охрид, Фариз Калили, член на програмскиот комитет, претседател на организацијата МИРАС, Баку Азербејџан, Ахмет Ајтач, член на програмскиот комитет на Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес, Турција.
Конференцијата се одржува во партнерство со МИРАС, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ и списанието „Журнал за глобални процеси“.