Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЕКОЛОГИЈА

Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода – Колку е безбедно ова револуционерно откритие?

25/01/2023
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода – Колку е безбедно ова револуционерно откритие?
Share on FacebookShare on Twitter

Американските научници измислиле специјален спреј за храна кој може да ги испрати во заборав кесите со овошје и зеленчук за еднократна употреба. Иако сè уште се развива, користењето на спрејот би ја намалило потребата за пластична амбалажа, на безбеден и одржлив начин.

Наместо да се купува свежо овошје и зеленчук во пластична амбалажа за еднократна употреба, наскоро тие би можеле да бидат покриени со тенок проѕирен слој супстанција што може да се измие под проточна вода. Станува збор за откритие на американски научници кое би можело да го промени светот.

Ќе се намали потребата од пластика за еднократна употреба, а во корпата за компост нема да има повеќе пластика или расипана храна. Тенката проѕирна супстанција е всушност антимикробна и биоразградлива прекривка за храна во спреј што лесно се мие со вода, оставајќи ја храната непроменета додека ја штити од расипување и оштетување при транспорт.

Пластичната амбалажа е сериозен глобален проблем. Според Советот за одбрана на природните ресурси (NRDC), годишно се произведуваат околу 300 милиони тони пластика, што е речиси еднакво на тежината на целата човечка популација! Од вкупно 300 милиони тони, дури половина е пластична амбалажа за еднократна употреба. Иновативната заштитна обвивка, детално опишана во студијата објавена во списанието Nature Food, е направена од пулулан, полисахаридно влакно, за кое американската Управа за храна и лекови вели дека е „генерално признаено како безбедно“.

Спрејот го тестирале на авокадо

Истражувачите користеле авокадо за да ја тестираат обвивката, бидејќи авокадото е склоно кон нерамномерно зреење и брзо расипување. Кога дошло време да се отстрани обвивката, можела да се исплакне со вода за неколку секунди, а било откриено дека го продолжува рокот на траење на авокадото за 50 проценти.

Но сите не се убедени дека ова е безбедно решение за проблемот со загадувањето со пластика. Токсикологот Нишад Џајасундара од Универзитетот Дјук вели дека е возбуден поради какви било биоразградливи алтернативи на пластиката, но дека треба да разбереме повеќе за самиот метод на отстранување со испирање односно за прашањето дали тоа би можело да предизвика нетоксични материјали да се разградат на потенцијално штетни начини.

„Како токсиколог, мојата примарна мисла секогаш кога ќе видиме нов синтетизиран производ е: „Дали знаеме доволно за него?“. Кога првпат се размислувало за пластиката, ја сметале за прилично безбедна. Сега знаеме дека пластиката на сите нивоа, без разлика на големината, има ефекти на клеточно ниво, на молекуларно ниво и на ниво на екосистем“, изјави Џајасундара за Scientific American.

извор: Агротим

[adrotate banner=”4″]

govor
CIVICA
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW