Јадрото што се врти во центарот на Земјата можеби почнало да ротира во спротивна насока, велат научниците, пренесува ББС.
Структурата на нашата планета се состои од три главни дела, кора инаку позната како површина на планетата, обвивка и јадро.
Претходните истражувања покажаа дека внатрешното јадро на планетата е одвоено од остатокот од Земјата со надворешно јадро од течен метал, што значи дека може да се врти независно и не мора да биде синхронизирано со остатокот од планетата.
Научниците од Универзитетот во Пекинг во Кина ги разгледувале движењата длабоко под површината на Земјата, проучувајќи ги сеизмичките бранови – вибрирачки движења во земјата – предизвикани од многу слични земјотреси во текот на неколку години. Со следење на патеките на овие сеизмички бранови низ Земјата, научниците откриле дека има „мали промени во текот на изминатата деценија“.
Нивните наоди покажуваат дека ротацијата на внатрешното јадро на Земјата паузирала и дека со текот на годините се вртела од една насока во друга во еден циклус.
Како ова влијае на нас?
Промените во јадрото на Земјата имаат влијание врз луѓето кои живеат на површината на планетата, менувајќи ги работите како навигацијата, па дури и должината на денот поради магнетното поле. Нашата планета секогаш се врти во вселената, а во нејзиниот центар се врти и металното јадро на Земјата. Овие движења создаваат магнетна сила која ја опкружува Земјата наречена магнетно поле. Иако звучи збунувачки, магнетните полови на Земјата се движат. Од 1832 година, северниот магнетен пол се префрлил 1.400 милји од северна Канада кон Сибир во Русија.
Движењето на северниот магнетен пол на Земјата се забрза толку многу во последниве години, што мораше да се направат измени за навигација за воени и комерцијални авиони, како и за операциите за пребарување и спасување кои оперираат околу Северниот пол.
Земјиното магнетно поле е одговорно и за контрола на тоа колку брзо или бавно Земјата се врти околу својата оска или со други зборови, колку се долги нашите денови. Кога деновите се забавуваат, тоа е само за дел од милисекунда, но доволно е што, слично како престапна година, потребни се околу 27 престапни секунди од 1970-тите за да го одржиме точното време.
Се смета дека брзината со која Земјата ротира околу својата оска постојано се менувала низ историјата, поради промената на вртењето на внатрешното јадро.
Сепак, како што пренесува ББС, не сите научници се согласуваат со новите наоди.
Д-р Џон Видејл, водечки геофизичар во Јужна Калифорнија, иако не бил вклучен во оваа студија, не е сигурен дека се согласува. Тој смета дека нашата слика за внатрешноста на земјата е „ сè уште матна“, а за да сфатиме што точно се случува ќе треба да помине минимум една деценија.
извор: ББС