Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Кањонот Матка на чекор до прогласување за споменик на природата

02/02/2023
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Матка ќе се репрогласи како споменик на природата до крајот на годината
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање го утврди текстот на Предлогот на закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата.

Целта на Предлогот на закон, како што е соопштено е заштита на геолошките, геоморфолошките, хидролошките, флористичките и фаунистичките карактеристики, коишто се од осoбeно значење за заштита на природата.

Во соопштението на Владата се вели дека богатството со природни и културни вредности го вбројуваат Кањонот Матка во еден од најрепрезентативните објекти на природата во Република Северна Македонија и се карактеризира со исклучително природно наследство, особено со значајни живеалишта и видови од национално и европско значење.

„Со конечното усвојување, после долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство. Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем“, се вели во изјавата на министерот за животна средина, Насер Нуредини.

 

govor
CIVICA
govor
CIVIL
CIVIL
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ

© 2022 GREENCIVIL