Светскиот ден на водните живелаишта се одбележува секоја година на 2 февруари за да се подигне свеста за нив како извор на свежа питка вода и начините на кои можеме да ги обновиме и да го спречиме нивното уништување. На овој ден се одбележува и годишнината од Конвенцијата за водните живелаишта, која беше усвоена како меѓународен договор во 1971 година.
Рамсарска конвенција (Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици) е меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта) со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност.
Скоро 90% од водните живелаишта во светот се деградирани од 1700, а и исчезнуваат три пати побрзо од шумите. Сепак, тие се критично важни екосистеми кои придонесуваат за биолошката разновидност, ублажувањето и адаптацијата на климата, достапноста на слатка вода, светските економии.
Оваа година Светскиот ден на водните живеалишта повикува на обнова на мочуриштата и ја нагласува итната потреба да се даде приоритет на обновувањето на водните живеалишта.
Кампањата за подигање на свеста за Светскиот ден на водните живеалиште ја организира Секретаријатот на Конвенцијата за водните живеалишта.
„Секретаријатот на Конвенцијата за водните живеалишта ве поканува да се придружите на прославите на Светскиот ден на водни живеалишта на 2 февруари 2023 година; сега е признат од ОН како „Меѓународен ден“. Темата за денот е „Време е за обновување на водните живеалишта“. Остануваат само седум години до 2030 година за да ги исполниме Целите за одржлив развој, времето е сигурно од суштинско значење.
Декадата на ОН за обнова на екосистемот е одлична можност за сите нас повторно да размислиме и промениме како луѓето влијаат на животната средина – и шанса да ги обновиме виталните екосистеми како мочуриштата. Преку активирање на сите релевантни играчи од општата јавност до клучните чинители, мобилизираме цела генерација за обновување на мочуриштата“, изјави д-р Мусонда Мумба, генерален секретар на Конвенцијата за водните живеалишта.
Таа посочи дека за Светскиот ден на водните живеалишта 2023 година, секој може да преземе акција за свесен избор за минимизирање на нашето влијание врз водните живеалишта, едукација и активирање на што повеќе луѓе да се вклучат во обновувањето на водните живеалишта, акции и учество во напорите за нивно обновување на локално ниво.
„Владите и другите засегнати страни се клучни актери за да се осигури дека активностите за обновување на водните живеалишта се спроведуваат на терен. Три активности кои можат да ги предводат овие напори за реставрација вклучуваат: создавање национален попис на водните живеалишта, поставување конкретни цели за реставрација на водните живеалишта, промовирање на мудра употреба и добри практики за управување“, додаде д-р Мумба.
Северна Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро, а во 1994 е основан и Македонскиот рамсарски комитет.