Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Грант од 70 милиони евра за конечно отпочнување на изградбата на Пречистителна станица Скопје

22/03/2023
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Грант од 70 милиони евра за конечно отпочнување на изградбата на Пречистителна станица Скопје
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за животна средина, Каја Шукова, заминик-претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска го потпишаа договорот за грант од ЕУ за отпочнување на изградбата на Пречистителна станица Скопје.

Министерката Шукова, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека се планира средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на која се надева ќе се надминат сите предизвици, и потребните договори за надзор и фирма-изведувач за градба ќе бидат финализирани.

Грантот изнесува 70 милиони евра, а како спроведувачи остануваа Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.  Освен договорот за надзор и градба , остануваат да се заврши и процесот за експортација и урбанистичко-планската документација со Град Скопје и Општина Гази Баба.

Пречистителната станица треба да се гради во Трубарево, Општина Гази Баба, треба да ги пречистува отпадните, фекални и канализациски води и како такви да се пуштаат во Вардар, во меѓувреме да опслужат над 500.000 жители во Скопје, но и сите што живеат по течението на реката Вардар.

Договорот се потпишува на Светскиот ден на водата. По тој повод вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ изјави дека денеска со ова државата и потписниците се обврзуваат да бидат дел од промената и одговорни кон заштитата на водата.

„Ги носиме европските стандарди на живеење кај нас. Во чекор сме кон целта на зелената агенда на Западен Балкан“, изјави Маричиќ.

„Договорот е во духот на мотото на Светскиот ден на водите – „Да се забрза промената“, а Владата работи токму во таа насока. Пречистителната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот“, изјави министерката Шукова.

Министерот за финансии Бесими, пак, истакна дека со овој грант не се задолжуваме, не плаќаме камата, ниту ги враќаме.

„Ова се пари за нашите граѓани, за 500 000 жители во градот Скопје. Ова е уште една потврда дека нашата европска иднина и членството во ЕУ не се само формален или политички процес“, изјави Бесими.

Заменик –претседателката Павлова истакна дека во светот околу 800 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на вода, така што оваа голема инвестиција за Северна Македонија, може да значи и заштита и подобрување на квалитетот на водата со која располага Град Скопје.

Б. Ј. 


Скопје без пречистителна станица, Градот без конкретни одговори

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW