Уште една светла комета се движи кон Земјата и оваа е посветла од Зелената комета што ги воодушеви набњудувачите пред неколку недели. Кометата со назив C/2023 A3, беше откриена уште во јануари од астрономите од опсерваторијата „Purple Mountain“ во Кина. Кометата е видена и на сликите снимени од опсерваторијата„ Palomar“, пишува „BGR“.
Орбитата на светлата комета е прилично долга, а целосно минува околу Сонцето на секои 80.660 години. Најблиску до Сонцето оваа комета ќе се приближи во 2024 година. Ако го преживее приближувањето до Сонцето, кометата ќе помине блиски до Земјата на 13 октомври 2024 година
Астрономите велат дека светлата комета ќе ја надмине светлоста на Зелената комета (C/2022 E3 (ZTF). Таа комета неодамна за прв пат по 50.000 години помина покрај Земјата. Знаејќи дека уште посветла комета се движи по овој пат, без сомнение ќе биде возбудливо за набљудувачите на небото.
Ако кометата може да се справи со топлината на Сонцето, астрономите веруваат дека таа би можела да достигне магнитуда од -5. За да имате во вид колку е тоа светло, Сонцето е оценето со осветленост од -26,7, додека Месечината е -11. Тоа значи дека оваа светла комета би можела да свети речиси половина силно колкуМесечината на ноќното небо. Тоа е навистина многу светло.
За жал, сè што можеме да направиме е да чекаме да видиме дали кометата ќе успее да го преживее приближувањето до Сонцето.
Подготви: Ј. Ѓ./Фронтлајн