На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во 1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата.
Целта на светските организации е кристално јасна: вода за сите до 2030 година, затоа што водата е фундаментално човеково право.
Во Северна Македонија Светскиот ден на водата го одбележа потпишувањето на Договорот за грант за изградба на Пречистителната станица Скопје, отворен ден во СУГС „Браќа Миладиновци“, како и едукативна интерактивна работилница во ЈП „Водовод и канализација“, на која учествуваа учениците од петто, шесто и седмо одделение од ОУ „Петар Поп Арсов“, општина Карпош.
Оваа година Светскиот ден на водата уште повеќе го истакнува проблемот со недостиг на вода и нејзиното санирање, со повик за поголема свест и менување на начинот на кој се користи, консумира и управува со водата.