По повод Светскиот ден на планетата Земја, 22 април, ООУ „Јоханес Хајнрих Песталоци“ и СГУС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје започнаа еколошка акција за собирање електронски отпад и отровни батерии од домовите на наставниот кадар и учениците.
Под електричен и електронски отпад се подразбира сè што работи на струја или батерии, а повеќе не е во функција и не ни е потребно. Тоа подразбира мобилни телефони, стари батерии, полначи, кабли, слушалки, тастатури, звучници, компјутери, лаптопи, таблети, мали кујнски уреди, па сè до бела техника.
Граѓаните се упатуваат да се јават на еколинијата 070 236 000 како беспалтен и безбеден сервис за одлагање на непотребната електроника.
Оваа акција училиштата ја спроведуваат во соработка со Мандолинскиот оркестар Скопје и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“ Скопје.
Еколошката акција ќе се заокружи со еко-конценрт со членовите на Мандолинскиот оркестар под диригенската палка на Ерхан и Рамадан Шукри.