Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Конференција на ЦИВИЛ за иднината на циркуларната економија во Северна Македонија и Западен Балкан

19/05/2023
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Започнуваат настани низ регионот од Недела на циркуларната економија на Западен Балкан 2023
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ во хотел Сити Парк, на 23 мај (вторник) со почеток во 10 часот. Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

Учесници на Конференцијата се високи претставници од владата, бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество и ќе говорат во четири получасовни сесии.

Во првата сесија „ Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“ ќе учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, и Газменд Берлајоли од Косово.

Во третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“ ќе говорат претставниците од бизнис секторот и тоа: Филип Ивановски, Пакомак, Аријан Тоска, МДЦ-Трговија и инвестиции и Живко Серафимовски, Нутривет.

Во четвртата сесија се говори на две теми и тоа: Соња Танеска, главна уредничка на Градска.мк на тема „Медиумите и циркуларната економија“ и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ, на тема „ Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.

Модераторка на сите четири сесии на Конференцијата е Биљана Јордановска, координаторка во ЦИВИЛ и одговорна уредничка на Green CIVIL. На крајот од секоја сесија има можност за две прашања или коментари до две минути.

Неделата на циркуларната економија е уникатна регионална иницијатива, преку која мрежата ЛогЕкс (LogEx), придонесува кон трансформацијата на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање и спроведување на циркуларна економија.

Во пресрет на Конференцијата, еден ден порано, в понеделник, 22 мај, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи прес конференција во Прес центарот на ЦИВИЛ, во Бизнис центарот Палома Бјанка, на 3 кат. На прес конференцијата ќе се презентираат сите активности за време на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан во земјава и во регионот.

ЦИВИЛ

This post is also available in: AlbanianEnglish

CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW