ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција в понеделник, 22 мај, со почеток во 10 часот, во ЦИВИЛ Прес центар, во БЦ Палома Бјанка, 3 кат. Почетокот на прес конференцијата се совпаѓа со почетокот на активностите низ целиот регион во рамки на Недела на циркуларната економија на Западен Балкан.
ЦИВИЛ ќе ги соопшти деталите за конференцијата „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ што ќе се одржи на 23 мај, како и сите останати активности во рамките на оваа голема регионална иницијатива, за кои поддршката доаѓа од Rockefeller Brothers Fund, а во регионот се одржува по иницијатива на мрежата ЛогЕкс, основана од Балкан Форум.
Претставниците на Цивил ќе бидат на располагање и за сите останати прашања од интерес на јавноста и медиумите.
Пресот ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук и Јутуб каналите на ЦИВИЛ, а видео материјалот и агендата на Конференцијата ќе биде достапни за слободно преземање од сите медиуми, веднаш по прес конференцијата.