Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

ДЗС: Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

12/09/2023
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Зелен поимник: Децентрализација, предуслов за одржлив развој
Share on FacebookShare on Twitter

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7 840 633 000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.56 проценти), потоа на трошоците за постапување со отпад (29.96 проценти) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (24.94 проценти), пренесе МИА.

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64.76 проценти, а за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина  35.24 проценти.

ДЗС регистрира дека од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 485 874 000 денари, односно 57.21 процент. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 42.36 проценти се наменети за инвестиции, а 57.64 проценти се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85.18  проценти.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW