Како зелена економија, тоа е еден многу чест израз којшто веќе е сеопфатен во сите излагања на политичките партии, општеството, граѓаните, меѓутоа, за да разбереме каде сме ние како општество, треба да се потсетиме од каде се ова потекнува, посочува Кулебанова на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.
Таа ги објасни почетоците на зелената економија, како и следните чекори на развивањето на државите во тој правец.
„Зелената економија е резултат на едно истражување, и прв пат се појавува во 1989 година, кое е изработено во редовите на една група британски економисти, во Лондонскиот центар за еколошко одржлива економија и развој. Оттаму, понатака сето тоа се развива и оди во насоки на развојните цели на сите општества, особено за време на економската криза во 2008 година, таа добива нова афирмација, и во 2020 година на Конференцијата на ОН за одржлив развој, се посветува поголемо внимание, каде што се напишани целите кон кои би се стремеле сите држави.“, вели Кулебанова.
Кулебанова предочи за тоа каде се наоѓаме ние како држава и општество во светската слика на остварување на зелените цели.
„Меѓутоа, ние овде спаѓаме во делот на помалку развиените држави, затоа што сепак, за остварување на овие цели, за одржлив зелен развој, има предности коишто имаат цена на чинење. За нивно крајно остварување. Таму има и еден дел каде што има шест приоритетни подрачја за помалку развиените земји. Тука, како центар на зелената економија, се става акцент на управување со отпадните води, одржливост и почист транспорт, зелено градење, обновливи извори на енергија, користење со управување на водите, и селекција на отпадот. Таму е фокусирано дека ние спаѓаме во оној дел на преземање мерки за зелената економија, и таму треба да ни биде фокусот“, посочува таа.
За остварливоста на ови цели, Кулебанова вели:
„Ние како држава сме далеку од овие остварувања на целите, исто така, во последните години правиме доста напори. Ќе истакнам дека ние како општество, и како граѓани, мислам дека сето ова треба да се потегне од едни регионални центри, односно, да се потегне од секој граѓанин, но главно од општините. Имаме примери за преземање на такви мерки, но, гледам дека се уште сме заглавени на прочистување на водите, со прочистителните станици, а имаме доста работа во тој дел. Ние како држава ,сме зелена држава, треба да работиме на одржување на она што веќе го имаме, порача Кулебанова.
Панел –дискусијата е дел од проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Д. Тахири
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети