Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира втора, од серијата панел дискусии, на тема „Макеоднската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, на 10 октомври, вторник, со почеток во 11 часот.
Учесници на панелот се Христина Оџаклиеска, заменик минстерка за животна средина и просторно планирање и Аријан Тоска, директор на МДЦ-Ти.Нет.
Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво, како и на пошироката јавност, но и медиумите, граѓанското општество, па и академската фела. Пост-ковид периодот, економската криза, руската агресија врз Украина, но и чекорите кон ЕУ, ги отворија вратите, не само за креирање стратегии, туку и во инвестирање и имплементирање на проекти што ќе придонесат кон зелената транзиција на земјата.
Но, колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, постои ли политички консензус околу зелените прашања, се отворени теми и прашања на кои ќе говорат учесниците на панелот.
Панелот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
Панел –дискусијата е дел од проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.