„Можеме, емпириски да заклучиме дека кај нас, имаме голем инвестициски заостаток, за шал не знаеме прецизно колку, затоа што тие пресметки се доста сложени Она што го имаме како сознание е дека, на пример, во националната студија за води од 2016 година, потребите за зелена инфраструктура во областа на водите изнесува некаде околу една милијарда и петстотини милиони евра“, рече екологистот и политиколог Тони Поповски, зборувајќи за реалните состојби на инвестициското поле на зелени политики.
Поповски на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, смета дека скоро и да не инвестираме во нашите заштитени природни подрачја.
„Станува збор за еден буџет годишен, на ништо друго да не го трошите за да го лоцирате за овој инвестициски јаз. Тоа не е можно. Затоа треба да имаме план како да ги дистрибуираме овие инвестиции на 10, 12 години и подолго. Да можеме да ги издржиме и да создадеме партнерства. Кога говориме за ЕУ, тоа е една нужност, нашата држава нема компетативен буџет. Имаме големи инвестициски заостаток и едноставно не можеме да го совладаме без да имаме продуктивно партнерство со ЕУ“, вели Поповски.
„Треба да се изгради свеста дека кога говориме за одржлив развој, говориме и за социјални, економски, зелени политики, ако да бидат интегрирани и како да имаме поголем бенефит и да придонесат до некаква благосостојба. Треба да се бидеме посериозни, што бара и надпартиски пристап. Колку имаме предизвици, толку имаме и можности… Она што можам да дополнам, од аспект на програми на политичките партии и во рамки на коалициски влади, да речеме, кога се прави некаква програма, се објавува јавно, оди и во Собрание при избор на Владата, од мое искуство, е дека со најголемо внимание треба да се чита фискалната стратегија на Владата. Што и да пишува во владината програма, а на неа и претходеле изборните програми на партиите, нивната рефлексија ќе ја најдете во фискалната стратегија на Владата. Овој документ е во основа како ние буџетираме. И таму може да се види, на пример, како ние ги распределуваме средствата за капитални инвестиции и во кои сектори. И веднаш може да се виде каде е зелената инфраструктура, односно каде е намерата на Владата реално да инвестира“, истакна Поповски.
Според Поповски тој документ не сме да помине без да се овозможи на јавноста да разбере за што станува збори што тој претставува.
„Екологијата и зелените инвестиции се потценети. Повеќекратно се помали отколку инвестиции во други сектори… неминовно ќе дојде време кога околу овие прашања ќе се организира и изборниот натпревар и јавната дебата наспроти ова што нам ни се случува веќе три декади. Да доминираат друг тип на прашања, не толку развојните, отколку политички проблеми, исполнети и неисполнети очекувања, проблеми со соседите“, заклучи Поповски.
Панел –дискусијата е дел од проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Биљана Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети