Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ

Башуровски и Селмани: Зелените прашања не се на приоритетна листа на медиумите, на локално ниво поголем интерес за зелените теми

28/11/2023
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Башуровски и Селмани: Зелените прашања не се на приоритетна листа на медиумите, на локално ниво поголем интерес за зелените теми
Share on FacebookShare on Twitter

„Зелената агенда е реална. Ние како медиум барем во Битола го следиме тој процес, поголема заштита од загадувањето кое е не го причинува само РЕК Битола туку и други субјекти и индивидуалци во Битола. Во минатото често бевме град со големо ниво на загадување, па беа преземени одредени мерки и чекори. Ние како медиум во своите информативни емисии дававме простор за овој проблем“, изјави Стево Башуровски, главен и одговорен уредник во ТВ Тера, Битола.

Стево Башуровски  и новинарот Насер Селмани во панел дискусијата „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“ на ЗЕЛЕН Цивил, зборуваа од аспект на медиумското покривање и интерес за зелените прашања, иницијативи и агенда.

„Во анкетата што ја направивме низ градот многу малку луѓе знаат што е тоа енергетска праведна транзиција“, вели Башуровски, зборувајќи за придонесот што како медиум го даваат преку проектот Смарт Балкан, сметајќи дека кај нас, за жал, фокусот е ставен на дневна политика.

„Мислам дека за политичкиот естаблишмент овде во Македонија, зелената агенда е само за фино прикажување пред јавноста. Знаете дека една владина партија на последните избори се ребрендира во зелена партија. Поминаа четири години, измина мандатот, а ние не видовме ништо од таа зелена агенда. Одговорноста зошто е тоа така е споделена, но мислам дека најодговорни се луѓето кои ја водат оваа земја и опозицијата како дел од политичкиот систем“, смета Селмани.

Медиумите не служат на јавниот интерес, смета Селмани, туку служат на некои бизнис и политички интереси, а прашањата кои ги засегаат граѓаните не се на приоритетната листа на медиумите.

Башуровски смета дека на медиумите е да информираат и да ги отвораат прашањата, а како локален и регионален медиум се трудат да ги работат зелените теми, но не од аспект што и како мислат политичарите.

„Прашањето е колку ние се занимаваме со тоа. Нивните политики ги водат во рамките на институциите и е важно она што ние го поставуваме како прашање да добиеме одговор. Мислам дека локално се фокусирани, тоа е европска агенда кон која и ние стремиме. Дали сакаат или не е нивна желба, затоа што се вклучени во проекти кои ги финансира ЕУ. Мора да работат на тоа да имаат капацитет и да ги реализираат работите онака како што презеле обврска“, вели Башуровски.

За Селмани капацитетите не се проблем, туку волјата нешто да се преземе околу зелената агенда.

„Сѐ е до начинот на владеење. Ние немаме владеење на правото, пред сѐ. Како тогаш ќе ја заштитиме животната средина, ако тие што ја загадуваат , не одат во затвор, туку и ги ослободуваат“, смета Селмани.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Б. Ј.

камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW