„Она на што треба, можеби да обрнеме малку повеќе внимание на основнот образование и да вратиме алатки, како на времето што беше Зелениот пакет во образованието“ изјави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, за ЗЕЛЕН Цивил.
„Децата најмногу разбираат и учат за животната средина во основно образование. Ајде да почнеме со нив, голем дел од училиштата го прават тоа. Ајде да направиме повеќе акции. Како генералка викенд, да речеме. Да ни биде тоа пракса, за да им покажеме на сите, особено децата да им покажат на возрасните дека не треба да се фрла ѓубрето каде што ќе се стигне Дали формално или неформално да биде дел од образованието на најмладите и можеби малку со пракса да покажеме дека знаеме и можеме“, истакна Шукова.
Б. Ј.
камера и монтажа: Ариан Мехмети