Во голем дел би се сложил со Зоран Иванов, а тоа е дека свеста на граѓаните е на многу ниско ниво, и дека се што пробавме во претходниот, и ние и другите граѓански здруженија, да ја подигнат свеста – некаде вродува со плод, некаде , не.
Во разговор со некои словенски здруженија, за тоа на кој начин тие даваат предлози да се подигне свеста кај граѓаните, тие рекоа – во градинките. Што значи дека треба да креираме генерации кои имаат свест за екологија и за зачувување на својата околина уште од градинка, за да можеме да добиеме свест која во иднина ќе биде на многу повисоко ниво. Ова е кога се во прашање граѓаните, вели Зоран Тодоров на панелот „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.
Тодоров ги спомна големите загадувачи, и проблемот со домашниот огрев кој според него придонесува во загадувањето на воздухот.
Да не ги заборавиме и индустриските капацитети, ниту големите загадувачи, и немањето можност да направиме некои иновативни методи за заштита пред се на воздухот. На пример, сега е актуелно загревањето на домовите, и тоа во сите градови се гледа како аномалија, тие што горат дрва и многу други материјали кои допринесуваат на загадувањето. Така што, јас мислам дека агендата треба да биде покомплексна, и дека треба вистински да биде застапена во програмите на партиите, кои на крај и треба да ја спроведат на терен.
За жал, кога се зборува за екологија, сите ќе се сетат на неа во предизборните кампањи, а подоцна малку подзабораваат, посочи Тодоров.
Д. Т.