Зелената политика (или еко-политиката) нуди решенија за имплементација на еколошки одржливо општество, втемелено во животната средина, во амбиент на ненасилство, социјална и еколошка правда, почитување на човековото достоинство и човековите права, слобода, еднаквост, владеење на правото, недискриминација, антинационализам, економска, социјална и еколошка благосостојба, почитување на различностите, базната и партиципативна демократија.
Како идеологија таа се оформува во 70-тите години од минатиот век, во западниот свет, а наоѓа своја практична реализација во тогашните граѓански движења.
Некои од граѓанските движења (како резултат на политичкиот подоцна прераснуваат во силни граѓански организации, кои делуваат вон политичките структури на моќта. Речиси во исто време, се појавуваат и првите зелени политички партии, кои се залагаат за определбите на ненасилство и мир, во согласност со постулатите на зелените политики.
Во современите општества, во агендите на политичките партии што се декларираат како зелени, се промовираат подинамични и понепосредни активности (во рамките на локалната самоуправа) за соработка и вклучување на граѓаните, со цел поуспешно спроведување на зелените политики.
Северна Македонија оваа година одржа претседателски и парламентарни избори. Во тој контекст зелените политики не беа изоставени од изборните програми. Иако формално постои една зелена партија, овој пат таа ќе биде изземена од идниот парламентарен состав. Зелениот политички дискурс во изборните програми и она што ја очекува земјата во следниот период се искористување на обновливи избори на енергија, пошумување, како и справување со аерозагадувањето.