ЦИВИЛ беше домаќин на онлајн конференција на тема „Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност“, како дел од Неделата на циркуларна економија во Западен Балкан, 2024 година.
Претставници на граѓански организации од целиот Западен Балкан, претежно членови на LogEx заедницата, како што се Газменд Берлајоли, извршен директор на Балкан Форум од Република Косово, Валон Мурати од Универзитетот Универзум во Косово, Евгенија Крстевска, програмски директор, ХЕЛВЕТАС , и Ањеза Синани од Build Green Group во Албанија, учествуваа на конференцијата како говорници, како и Дијана Тахири и Драган Мишев од ЦИВИЛ. Тие споделија сознанија за нивните активности и перспективите на циркуларната економија во национални, регионални и глобални контексти.
Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ја водеше конференцијата и ги презентираше своите сумирани согледувања од анализата на трудот „Перспективи на циркуларна економија во време на војна и несигурност“.
Влијанието на руската агресија врз Украина: Екоцид; Влијанието на конфликтите врз зелените трансформативни политики и практики; Политики и стратегии за ублажување на влијанието на војните и конфликтите врз зелените иницијативи; Зајакнување на циркуларната економија: Пет клучни стратегии за одржливост – ова се поглавјата од анализата што на конференцијата на сублимирано ги претстави Дерала.
Овогодишната тема на Неделата на циркуларна економија беше „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ и се одржува од 27 до 31 мај.
Организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс заедницата одржаa низа паралелни активности со кои ги промовираа добрите практики и знаења, но и предизвиците и перспективите на циркуларната економија во регионот.
Д. Т.