Групата млади од општина Феризај, Косово, минатата недела одржа активност на која преку сликање имаа за цел да им го пренесат на младите значењето на циркуларната економија.
Повеќе од 15 млади луѓе учествуваа и се здобија со знаење на тридневната обука за иновативни решенија, климатски промени и еколошки предизвици.
Оваа активност беше спроведена за време на кампањата за циркуларна економија, иницијатива која има за цел да ја промовира заштитата на животната средина и промовирање на нови идеи со фокус на просперитетот и одржливиот мир.
Проектот ToKeQark го спроведува организацијата The Balkan Forum, со поддршка на регионалниот проект SMART Balkans, заедно со Цетар за промоција на граѓанското општество, Центар за истражување и креирање политики, IDM Албанија и финансиска поддршка од норвешкото Министерство за надворешни работи (NMFA) .
This post is also available in: English