Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Чистењето на линданот во ОХИС чека пари од буџетот

08/10/2024
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Обезбедена нова опрема за следење на ефектите од процесот на чистење на линданот во „Охис“
Share on FacebookShare on Twitter

Ископувањето на линдан од малата депонија во ОХИС ќе продолжи штом се префрлат парите кои за оваа намена се предвидени со последниот ребаланс на буџетот. Во Мултипартнерскиот фонд за чистење на оваа жешка точка во моментов има околу 150.000 евра со кои ќе треба да се чисти петтиот лот од депонијата, кој требаше да биде и последен.

Како што пренесува Мета од Министерството за животна средина велат дека доколку се ископаат поголеми количини земја ќе треба да се предвиди и шести, за целосно да се расчисти малата депонија и да се започне со процесот на ремедијација.

Во четвртиот лот, кој се расчистуваше од  март до јуни годинава, беа ископани вкупно 450 тони HCH отпад кој целосно е извезен. Од контаминираната земја беа ископани вкупно 250 тони, од кои 103 се веќе извезени, а останатите 147 тони се спакувани и чекаат транспорт и извоз.

„Во моментов нема активности на терен кај малата депонија. Со последниот  ребаланс на буџетот, Владата ги алоцираше последните средства наменети за оваа година за чистење на малата депонија. Се очекува тие наскоро да се префрлат на сметката на Мултипартнерскиот фонд, а чистењето да продолжи веднаш штом овие средства станат оперативни“, велат од Министерството.

По целосното расчистување на опасниот отпад на местото на малата депонија ќе треба да се изврши ремедијација, а од Министерството најавуваат дека првично ќе се прават истражувања за степенот на контаминација на земјата под депонијата и во зависност од резултатите ќе се преземат соодветни мерки.

Во првите три лота на малата депонија се ископаа 1,482 тони на HCH отпад и 337 тони на земја контаминирана со HCH. Чистењето на малата депонија со линдан започна во март 2022 година, а според првичните најави требаше да заврши за најмногу 18 месеци, или до крајот на минатата година, но работите се пролонгираат за речиси една година повеќе.

Во дворот на ОХИС, веднаш покрај малата се наоѓа и големата депонија со линдан, за која се претпоставува дека дека има околу 50.000 тони линдан. Од Министерството велат дека засега нема конкретна одлука дали, кога и како би се чистела и оваа депонија. Од таму велат дека во моментов се прават проценки и се размислува за повеќе опции. Покрај овие две, закопан линдан има и во месноста Пеленица кај Драчево каде лежат околу 40.000 тони чист HCH и уште 6.500 тони мешан, заедно со отпад од фабрика за стакло.

Погонот за линдан во фабриката работел од 1964 до 1977 година, кога било прекинато производството од еколошки причини. Во тој период биле произведени околу 2.800 тони линдан, што резултирало со околу 25.000 тони неактивни изомери, кои несоодветно биле расфрлани и кои до денес се опасност за контаминација на воздухот, водите и почвата во Скопје.

Линданот во Скопје докажано го има во воздухот од Центар дури до Ѓорче Петров, а според последните испитувања на зеленчук одгледан во околината на фабриката, од девет примероци, три покажале повисоки концентрации на алфа изомерот. Во ОХИС до неодамна беа складирани и 64 тони на десетици други опасни хемикалии, кои за две години, во вкупно седум извози на хемиски отпад, беа извезени на уништување во повеќе држави.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW