Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Еколози и експерти на ОН: Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

31/10/2024
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Охридскиот регион и неговиот статус на дневен ред на 44. Сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО
Share on FacebookShare on Twitter

Охридското Езеро се соочува со зголемен ризик од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, предупредуваат еколозите и експертите на Обединетите нации.

Како што објавуваат светските агенции, а пренесуваат медиумите што пишуваат на теми  од областа на екологијата и заштита на животната средина, езерото што е едно од најстарите во Европа со старост од 3,5 милиони години е дом на околу 200 ендемски видови, вклучувајќи автохтони видови пастрмка.

Како особена туристичка атракција езерото претставува и значен извор на приходи, за Северна Македонија и за Албанија што го делат езерото.

Агенциите постсетуваат дека македонската страна на Езерото беше прогласена за Светско наследство на УНЕСКО во 1979 година, додека статусот светско природно наследство албанската страна го стекна во 2019 година.

Во својот извештај за 2024 година објавен порано годинава, УНЕСКО предупреди на неконтролираниот урбанистички на езерскиот брег и прекумерниот туризам. Исто така,експертите на ОН упатија предупредувања до Северна Македонија и до Албанија дека не се спроведени мерки за надминување на постојните закани и спречување на појавата нови.

„Состојбата со заштитата на локалитетот не се подобрува и не се забележува тренд за започнување на враќање на неговиот интегритет,“ стои во соопштението на УНЕСКО.

Биологот Златко Лефков вели состојбата по однос загадувањето „постојано се влошува“ и оти тоа има негативно влијание врз автохтоните видови и биодиверзитетот на езерото.

„Некои видови кои претходно беа ретки или ги немаше … сега го заземаат животниот простор на биолошки важните или автохтоните андемски видови,“ вели тој.

Според официјални податоци, пишуваат агецниите, во областите околу езерото вклучувајќи ги градовите Охрид и Струга на македонската страна и Поградец во Албанија, сега живеат околу 170 илјади луѓе, што е заголемување за 56 проценти за последните 50 години.

Локалните субјекти посочуваат на потребата од инвестиции во Колекторскиот систем за собирање и третман на отпадните води изграден во 1980-тите, бидејќи тој повеќе не може да се справи со притисокот што произлегува од големиот број туристи кои го посетуваат езерото како поевтина алтернатива на морето, вели Орхидеа Тасевска, директорката на Хидробиолошкиот институт во Охрид.

„Постојат предлог-проекти … но државата мора да најде средства за да ги реализира овие предлози,“ додава таа.

Екологистите, исто така, предупредуваат дека реките кои се вливаат во Езерото Охрид и помалите крајбрежни населби се постојан извор на загадување, пренесе МИА.

CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW