„Во Планот за раст предвидени се 1, 7 милијарди евра во инвестиции и ќе се фокусира на транзицијата кон чиста енергија. Во ЕУ се посветивме да бидеме климатски неутрални до 2050 година и затоа е важно нашите партнери од Западен Балкан да ни се приклучат на ова патување“, изјави претседателката на европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конферениција со премиерот Христијан Мицкоски.
„Во Сeверна Македонија обновливите извори претставуваат една четвртина од производството на енергија и затоа сакаме да го зголемиме овој капацитет. Ги имаме Осломеј и електраната во Битола кои што треба да работат на солара енергија, како и ветерниот парк Богданци, а исто така инвестираме во чист транспорт за подобра поврзаност меѓу регионот и со Европа. И ова навистина го вклучува можне важниот проект за Коридор 8 со кој што се поврзувате со Албанија и со Бугарија. го имаме и Коридор 10 кој што минува од Грција до Будимпешта и минува низ целата ваша земја. Овие инвестиции ќе ја претворат Северна Макеоднија во клучен транспортен центар и тоа ќе донесе сериозни придобивки за граѓаните на земјата“, изјави Фон дер Лајен.