Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Министерство за животна средина: Ги интензивираме активностите за чист воздух

12/11/2024
in АКТУЕЛНО, ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
Нема област што не е приоритет во екологијата, граѓанските организации бараат итни акции
Share on FacebookShare on Twitter

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) попладнево информираат дека ги интензивираат активностите за чист воздух во државава. Потенцираат дека активностите се во тек и континуирано се следи состојбата со квалитетот на воздухот.

– Со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот, што влијаат врз здравјето на луѓето. Министерството за животна средина и просторно планирање работи во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, но, оваа година проектираше низа дополнителни конкретни активности и ги насочи сите расположиви ресурси во навремено преземање конкретни мерки, со што ќе се постигне поголем ефект во намалување на аерозагаденоста, се наведува во соопштението.

Во Министерството била формирана интерна работна група за чист воздух од „претставници на сите релеватни сектори од институцијата, која ќе ѝ предложи на Владата, акциски план со конкретни краткорочни и долгорочни активности, чија цел е да забрза процесот на постигнување видливи резултати во подобрувањето на квалитетот на воздухот“.

– За квалитетот на воздухот мора сите да преземеме нешто, а Министерството за животна средина и просторно планиарње, оваа сезона делува проактивно и со предлог мерки и со мотивирање на различните чинители да се подготват и посериозно да делуваат во пресрет на зимската сезона, додаваат оттаму.

Направен бил и план за посета и инспекторирање на индустриските капацитети што поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола.

– Посетите ќе се одвиваат по плански региони во државата, а екипата ќе биде составена од претставници на Државниот инспекторат за животна средина и од Министерството. Целта не е само да се изврши контрола на индустрискот капацитет, дали ги исполнува обврските од дозволата, туку и да се влијае на подигање на свеста и подготвеноста на компаниите во пресрет на зимската сезона да преземат и дополнителни мерки, со што би влијаеле позитивно врз квалитетот на воздухот, појаснуваат од Министерството.

Се апелира до граѓаните и институциите, компаниите и до сите општествени чинители за совесно однесување во однос на начините на затоплување, чистење на оџаците, фрлање на отпадот, палење на депониите, користењето на возила, градежните работи на отворено, палењето на стрништа и слично, со цел сите да дадат придонес кон обезбедување почиста и поздрава животна средина и подобрување на квалитетот на животот.

– Министерството континуирано ја следи состојбата со квалитетот на воздухот, редовно ги информира граѓаните и ќе преземе и други дополнителни активноси за што јавноста ќе бид правовремено информирана, се истакнува во соопштението.

CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW