Лазо Узунчев, Генерален Директор и Претседател на Управниот одбор на ЕСМ, Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија за Северна Македонија и Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, денес потпишаa ЕУР 5 милиони инвестициски грант договор, донација од Европска Унија (ЕУ).
Инвестицискиот грант ќе биде дополнување на претходно одобрениот ЕУР 15 милиони кредит од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за развој и изградба на две фотоволтаични централи со комбинирана моќност од 30 MW, лоцирани на експлоатираниот и затворен рудник за јаглен во Осломеј и Битола. Инвестицискиот грант е одобрен и пласиран преку Инвестициската програма за Западен Балкан .
Инвестицијата следи како успешно завршување на соларната електрана Осломеј 1, која работи од Април 2022 година и која беше финансиски поддржана од ЕБОР и ЕУ.
Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија за Северна Македонија изјави: ,,Повеќе не зборуваме за алтернативна енергија. Зелената економија е главен тренд , а можностите за инвестирање се зголемуваат, кога го имаме во вид природниот потенцијал на земјата. Грантот од Програмата за инвестирање во Западен Балкан, и кредитот од ЕБОР, ја поддржуваат трансформацијата на електраните на Осломеј и Битола од јаглен кон соларна енергија, претставувајќи јасна индикација дека земјата ги превзема вистинските чекори, движејќи се кон зелена енергија, истовремено имлементирајќи го процесот на општествено праведна транзиција. ЕУ и нејзинте партнери ќе продолжат, преку духот на Тимот Европа, да ја поддржуваат земјата на нејзиниот пат кон декарбонизација, обезбедувајќи диверзификација и обезбедување на снабдување со енергија.“
Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,ЕБОР интензивно се залага за промовирање на транзицијата на зелената енергија на Западен Балкан, и горди сме на резултатите од нашата заедничка работа со Владата и ЕСМ. Градењето на електрани од обновливи извори на енергија и одржливо користење на стари и експлоатирани рудници со јаглен во Осломеј и Битола е пример за транзиција од јаглен кон зелена енергија во целиот регион. Предодредени сме да продолжиме да работиме со ЕСМ и со Владата на Северна Македонија, во намалување на отпорноста на застарената инфраструктура на јаглен. По успешното завршување на соларната плантажа Осломеј 1, возбудени сме да видиме дека Владата и приватниот сектор ги зголемуваат инвестициите во соларната енергија, а ние остануваме подготвени да ја обезбедиме натамошната поддршка согласно потребите.”
Откако ќе бидат изградени, и двете електрани ќе придонесат во целите за користење на обновлива енергија, и годишно ќе произведуваат скоро 48 гига ват часови (GWh) на зелена електрична енергија, обезбедувајќи скоро 16.000 домаќинства со електрична енергија, и ослободувајќи се од 40.000 тони на јаглероден диоксид на годишно ниво.
Со оглед на релативно високите нивоа на споделено генерирање на енергија од јаглен во Северна Македонија, Банката има за цела да и помогне на земјата со финансиската поддршка и техничката соработка во диверзифицирање на изворите на генерирање и намалување на зависноста од извор на електрична енергија, каде соларната енергија и енергијата произведена од ветер се два приоритетни обновливи извори кои треба да се развијат на краткорочен и долгорочен период.
Банката работи со властите во земјата за да се справи со импликациите за нееднаквоста во енергетската транзиција и во идентификување на можностите за економска диверзификација, во оваа област, вклучувајќи прераспоредување и преквалификација. ЕБОР, заедно со ЕУ, и помага на земјата да ја усвои патоказ за праведна транзиција и ја предводи Платформата за транзиција на праведна енергија, која веќе има значителен демонстративен ефект за поширокиот регион на Западен Балкан.