Во рамки на редовната програма на Дебатното кино „Контра кадар“, во Социјалниот центар „Дуња“, вечерва ќе биде прикажан филмот „The Saint of Fort Washington“ од 1993 година, а по проекцијата ќе биде организирана дискусија на тема: „Бездомниците – (не)видливи за системот“, во која ќе учествуваат и дел од волонтерите во акцијата за помош на бездомниците во Скопје.
„Филмската програма на ‘Контра кадар’ е жанровски, стилски и тематски хетерогена… Филмот служи како референтна точка за дикскусиите, но заедничката рефлексија на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план“.