Сите граѓан(к)и кои имаат проблеми и прашања од областа на социјалната правда, работничките права и пошироко, во делокругот на работењето на Министерството за труд и социјална политика, ќе имаат можност еднаш неделно, да остварат средба со министерката Мила Царовска.
„Отворениот ден со граѓаните“ предвиден за периодот од 9 до 13 часот секој петок, денеска го најави министерката Царовска. Средбите ќе се одржуваат во просториите на Министерството за труд и социјална политика.
„Ги повикуваме сите заинтересирани за средба со министерката Царовска, и воедно поради специфичноста на проблемите со коишто се соочуваат нашите корисници, како и заради укажувањето на должното внимание кон секој од нив, да се јават на телефонскиот број 02/3106 212 и да закажат прием“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.
[divide]
Веста е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.