Аднан Џафероски, член на раковоството на СДСМ, на конференцијата „Општество без граници“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, зборуваше за идните чекори на новата власт во борбата за надминување на проблемите на граѓаните, за подобрувањето на општествените состојби и повторното освојување на медиумскиот простор.
„Пред сè, мора повторно да се освои медиумскиот простор, особено на националната телевизија. И да обрнеме поголемо внимание на градењето на едно здраво општество. И сите овие проблеми кои го тиштат нашето општество, да се решаваат со вклученост на сите релевантни фактори во земјава“, изјави Џафероски.
Тој вели дека како општество, Македонија е многу назад во однос на развиениот свет. „Туркањето на сите проблеми под тепих, нè доведе до оваа ситуација и до ваква мизерија“, рече Џафероски.
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента