Глобалната тема на овогодинешниот Светски ден на водите, „Одговорот е во природата”, со фокус на изнаоѓањето на начини да се исползува природата во надминувањето на актуелните предизвици во 21 век, во Македонија со настанот #ЈаСакамПреспа.
Настанот е организиран од УНДП, Швајцарската агенција за развој и соработка и Амбасадата на Кралството Холандија. Во рамки на настанот беше прикажан документарниот филм „Езеро од јаболка“ кој прикажува еден многу успешен пример на управување со водите преку примена на решенија засновани на природата., што можат да имаат своја примена и на многу други места.
Постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон, во своето обраќање, ја нагласи важноста на решенијата засновани врз природните процеси.
„Преспа ни покажа дека решенијата засновани врз природата имаат потенцијал да решат многу од предизвиците. Потребно е да применуваме зелена инфраструктура секаде каде што тоа е можно. Пошумување, поврзување на реките со нивните поплавни рамнини и реставрација на блатните системи – сето тоа ќе помогне да се балансира циклусот на вода и да се подобри здравјето на луѓето, истовремено заштитувајќи ја животната средина“, изјави Винтон.
„Да се работи со природата, наместо против неа, отвора можност за поефикасна, поконкурентна и позелена економија. Со унапредувањето на околината, при што воедно корист има економскиот развој, со проектот во Преспа кој беше поддржан од Швајцарија, поставен е пример за ефикасноста на решенијата засновани на природа. Со нетрпение ги очекуваме резултатите од ваквиот пристап преку спроведувањето на нашиот нов проект кој треба да ја подобри отпорноста на Полошкиот регион кон поплави”, изјави Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Техада.
Холандскиот Амбасадор Воутер Пламп во својата изјава на настанот, пак, ја истакна големата важност на водата и потребата да се заштити овој скапоцен ресурс.