Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

„Часот на планетата Земја“ по деветти пат во Македонија

23/03/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
„Часот на планетата Земја“ по деветти пат во Македонија
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија по деветти пат ќе бидел од акцијата „Часот на планетата Земја“, на 23 март, кога во 20 и 30 часот по локално време, 80 локации ќе потонат во мрак.

„Додека глобалната биолошка разновидност се намалува со невидена стапка, Часот на планетата Земја оваа година ќе ги фокусира своите напори да поттикне поддршка за акција за биодиверзитетот и природата под мотото „Поврзи се со планетата“, односно #Connect2Earth“ – вели Ѓорги Селков, од канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.

Оваа година има рекорден број на локации кои ќе потонат во мрак за Часот на планетата Земја. Дел од тие локации се и Плоштад Македонија со спомениците, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, Колонада, Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, плоштадот Мајка Тереза и Филип Втори, Мостот „Око“ и мостот на уметноста. А од скопските општини учество најавија и Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба и Центар и трговските центри капитол мол и Сити мол.

Оваа година ќе се одржат повеќе активности под мотото „Поврзи се со планетата“, како дневниот настан на 24 март насловен „Дрвца за планетата Земја“ каде што ќе бидат засадени илјадници дрва, на повеќе локации низ државата.

Централниот настан ќе се одржи на плоштад Македонија, каде заедно со волонтерите на Црвен крст, ќе биде испишано логото на акцијата „60+“ со петстотини свеќи.

„Во Прилеп освен што ќе се садат дрва и ќе се исклучат светилките, ќе биде организиран и ноќен маратон на 5 километри, а во Пехчево во мрак ќе потоне единствената адреналинска патека во Македонија.“ – изјави Софија Стојановска, претставник на Црвен крст на Република Македонија.

Своја поддршка кон акцијата најавија Македонски телеком, кои ќе ја исклучат административната зграда во центарот на Скопје, како и цементарницата Усје која ќе ги исклучи светилките и сите мелници за цемент во својата фабрика.

„Ме радува фактот што Македонија, како верен партнер на Часот на планетата Земја, и оваа година ќе ги исклучи светилките и ќе се приклучи во фамилијата на преку 180 земји кои ги исклучуваат за оваа акција.“ – вели Ѓорги Селков, организатор на акцијата во Македонија.

А.П.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW