Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Прва граѓанска судска постапка против ЕУ за климатската политика

13/08/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Околу седум милиони луѓе умираат секоја година поради загаден воздух
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот општ суд ја прифати судската постапка на повеќе семејства против Парламентот и Советот на ЕУ за недоволно амбициозни цели за намалување на емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2030 година.

Подносители се тужбата од повеќе семејства од Португалија, Германија, Франција, Италија, Романија, Кенија, Фиџи и здружение на млади од Шведска.

Тужителите сметаат дека зацртаните цели на Европската Унија за намалување на ефектот на стаклена градина не се доволни и дека ги прекршуваат нивните човекови права.

ЕУ се обврза да ги намали емисиите на штетни гасови за 40 отсто до 2030.

Европскиот парламент и Советот на ЕУ ќе треба да ја презентираат својата одбрана за два месеци.

Тужителите не бараат финансиска отштета, туку укинување на сегашните зацртани климатски цели и воведување на повисоки цели – 50 до 60 отсто намалување до 2030.

– Целта на оваа постапка е да се заштитат луѓето, нивниот живот и нивните основни права од влошувањето на ефектите од климатските промени. Ова е многу важен случај на европско ниво и верувам дека ги имаме сите потребни докази за да одиме напред, изјави адвокатот на семејствата Рода Верхејен.

Постапката е поддржана од повеќе невладини организации, кои се занимаваат со климатските промени.

Прифаќањето на постапката доаѓа во време кога Европа се соочува со невообичаено високи температури, екстремна суша и пожари.

– Пожарите ми го уништија имотот во 2017, оваа година повторно се бориме со масовни жешки бранови и пожари во Европа. Од почетокот на ова лето многу луѓе ги загубија животите и домовите поради влошените ефекти на климатските промени, не смееме да молчиме пред ова. Овој случај се однесува на нашата заедничка иднина и среќен сум што сме сега чекор поблизу да бидеме слушнати, изјави Португалецот Армандо Карвалјо, кој е еден од подносителите на тужбата. (МИА)

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW