ЦИВИЛ ја организира Конференцијата #АкцијаИнтеграција посветена на европските вредности, зелените алтернативи и антинационализмот на 30 октомври (вторник), во хотел Опера Хаус (зад Универзитетска библиотека, на Адвокатска улица) во Скопје, со почеток во 14 часот.
На оваа конференција се поканети релевантни претставници на централните и локалните власти, граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите, активистите и заинтересираните граѓанки и граѓани.
На конференцијата #АкцијаИнтеграција ќе бидат презентирани резултатите од проектот Акција – Интеграција што ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.
Акција – Интеграција е проект за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
Следете ги Фејсбук страниците ЦИВИЛ.МК и Зелен ЦИВИЛ за дополнителни информации.
Местата се ограничени. За присуство и за учество на конференцијата, потребна е претходна најава на овој ЛИНК.