Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија и стопирање на својата работа

29/10/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
ЦИВИЛ: Игнорирањето на интересите на граѓаните мора да престане!
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во просториите на Општина Аеродром со почеток од 16:30 часот ќе се одржи редовната 15 седница на Советот на Општината.

Првите две точки од дневниот ред на седницата се по предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а се однесуваат на ревизија на деталните урбанистички планови, како и предлог-одлука за запирање на спроведувањето на деталните урбанистички планови.

Со други зборови, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од новата локална власт бара ревизија и стопирање на ДУП-овите коишто таа на крајно безобразен начин ги донесе пред истекувањето на нивниот мандат и локалните избори во 2017.

За потсетување пред две недели беше одржана вонредна седница на општината, откако граѓаните излегоа на протест искажувајќи го незадоволството од неисполнетите ветувања на градоначалникот Марин во врска со стопирањето на урбанистичкиот хаос во општината. На оваа седница, иако беше најавена како седница на која советниците заедно со граѓаните ќе се обидат да изнајдат решение за парцелата кај Мајчин дом, освен партиски препукувања, ниту советниците на СДСМ, ниту советниците на ВМРО-ДПМНЕ не понудија конкретно решение.

Ваквата постапка на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е уште една во низата небулози, како онаа кога излегоа на протест против изградбата на зграда кај Мајчин дом којашто е дел од деталниот урбанистички план кој токму тие го донесоа.

Маја Ивановска

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW