Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Судбината на рудникот Иловица ќе се решава во договор со сите заинтересирани страни

16/11/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Валандовскиот Совет ја одложи одлуката за референдум за „Казандол“
Share on FacebookShare on Twitter

Владата нема да донесе одлука која е на штета на интересите на граѓаните на Македонија. Тоа значи дека нема да се донесе одлука за судбината на рудникот Иловица се додека не се усогласат ставовите на сите засегнати страни.

Вака ја образложи позицијата на македонската Влада портпаролот Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нерешениот статус на концесијата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ за експлоатација на бакар и злато во близина на селата Иловица и Штука и отпорот на месното население кон отворањето на рудникот во близина на нивните живеалишта.

Бошњаковски негираше дека Владата го игнорира незадоволството на жителите на струмичките села засегнати од отворањето на рудникот Иловица, кои минатата сабота организираа предупредувачка блокада на приодните патишта кон и од Струмица, сакајќи да го потсетат премиерот Зоран Заев на неговото ветување, дадено пред локалните избори во 2017 година, дека рудници во тој крај нема да има.

Минатата недела, Уставниот суд донесе одлука за поведување на постапка за поништување на одлуката на Советот на Општина Гевгелија за распишување на референдум за рудниците на Кожуф. Притоа, беше најавено дека е сосема извесно дека локалниот референдум на кој мнозинството гевгеличани се изјаснија против отворањето рудници на Кожуф, ќе „падне“ пред Уставниот суд како што се случи и со референдумот на Општина Валандово против рудникот Казандол.

Образложението е дека одлуките за референдум се неуставни и незаконити, „бидејќи прашањето на концесии не е од локално значење за да може локалната самоуправа да распишува референдум“. Одлуките на Уставниот суд да ги собори локалните референдуми против рудниците во Југоисточна Македонија, ги подгрејаа стравувањата на жителите од тој крај дека сепак ќе бидат отворени, како што ги нарекуваат тие, „рудниците на смртта“. (META)

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW