Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

На точак: Заглавени и загадени

27/11/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
На точак: Заглавени и загадени
Share on FacebookShare on Twitter

Групата ентузијасти, велосипедисти „На точак“, утре со почеток во 17: 30 часот на плоштад „Македонија“ организираат  возење на велосипеди како протест против загадувачите на воздухот под мотото „Киртична маса #79: Заглавени и загадени“.

Тие велат дека оваа рута е повторување на рутата од првата Критична Маса посветена на загадувањето, а возена во јануари 2013 година.

Тогаш Критичната Маса била посветена на индустриските комплекси во Скопје и начинот на кој вработените се движат до нив. Се возело до цементарница УСЈЕ, Железара, минавме близу комплекс Газела и МЗТ, близу Пивара, Алкалоид, Европа, ЈСП и ним слични кои се сместени во градот и се наоѓаат до булевари по кои тогаш недостигаа велосипедски патеки. Овие индустриски центри имаат по илјадници вработени кои секојдневно се движат до работа и назад во слични термини и прават гужва по истите сообраќајници. Поради непостоењето на решенија за незагадувачки транспорт овие индустриски капацитети индиректно влијаат на загадувањето поради транспортот на нивните вработени и на нивните производи.

„Од јануари.2013 до сега поминаа скоро 6 години. Во меѓувреме се изведе велосипедска патека во должина на бул. Александар Македонски до Пивара/Алкалоид, но не беше продолжена до Естекада, што би ја приклучило до бул. Киро Глигоров и бул. Србија накај Аеродром, ни до ул. Благој Стефковски што би ја приклучило со населбите Маџари и Ченто. Булеварите Србија и бул. Киро Глигоров иако го поврзуваат Аеродром, една од најгусто населените општини со УСЈЕ на југ и останатите индустриски центри на север немаат квалитетни велосипедски патеки, а во делови немаат никакви тротоари. Последната новост од Град Скопје е дека се пуштени нови велосипедски патеки по бул. Борис Трајковски кои би го поврзувале центарот на градот и Драчево со УСЈЕ, но останува да испитаме дали се изведени на задоволително ниво“, велат од „На точак“

Активистите велат дека според последните истражувања сообраќајот не е најголемиот загадувач на воздухот, но тоа  не значи дека не е голем загадувач.

„Ако сообраќајот директно учествува со 20% во вкупното загадување со PM честички и ако во најзагадените денови загадувањето стигнува до 500 µg/m3, тогаш дури и магично да се ослободиме ЦЕЛОСНО од сите останати загадувачи (греењето на домовите, индустријата, градежните активности), ќе останеме со повеќе од 100 µg/m3 од сообраќајот, што е дури 2 пати повеќе од максимално дозволената граница од 50 µg/m3“, велат тие.

Утре тие ќе побараат транспортна чистка со здрави транспортни политики.

Б. Ј.

 

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW