Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Уште една депонија во Охис за која постои сомнеж дека има линдан

26/12/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Уште една депонија во Охис за која постои сомнеж дека има линдан
Share on FacebookShare on Twitter

На територијата на фабриката ОХИС постои и трета депонија, покрај малата и големата, на која е можно да има складиран линдан, вели за „Мета“ министерот без ресор за странски инвестиции Аднан Ќахил кој е дел од работната група формирана од Владата за решавање на проблемот со линданот и воедно е поранешен вработен во фабриката ОХИС од 1984 до 1987 година како главен инженер.

Доколку се покаже дека и на таа депонија има линдан, заедно со другите две веќе потврдени депонии во ОХИС и можната депонија во излетничкото место Пеленица во Драчево прават вкупно четири депонии со канцерогената токсична супстанца линдан на територијата на Скопје.

Ќахил не исклучува дека е можно линдан да е закопан и на друга локација, но вели дека тоа е малку веројатно.

– Ние имаме информации дека постои депонија на крајот на ОХИС и дека на неа наводно има линдан, но додека не направиме егзактни испитувања да видиме што има на таа депонија со испитување на почвата, подземните води, околината, не можеме да кажеме. За овие две депонии, малата и големата, знаеме скоро сè. За третата, во кругот на ОХИС, која е оградена, не знаеме, постојат претпоставки ама не се работи со претпоставки – вели Ќахил за „Мета“.

Тој додава дека со дел од средствата што ќе се соберат преку Меморандумот кој го Владата го потпиша со министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, ќе се направат анализи и испитувања за таа, трета депонија на територијата на ОХИС.

– Не се знае колкаво количество е таму фрлено затоа што и тоа е измешано со почва. Во дупката може има 5 тона, а може има и 50, бидејќи не знаеме колку е длабока. Имаме намера да испитаме и јавноста ќе биде информирана за составот на таа депонија. Во Драчево, во Пеленица е четвртата можна депонија за која има сознанија само врз основа на разговори, кажани информации од луѓе, но не сме го испитале местото. Сега има две депонии што допрва треба да се испитаат, таа на крајот на ОХИС и таа надвор од ОХИС. За надвор од ОХИС имаме информација дека постои такво место, велат дека е фрлен линдан, но ние треба да испитаме. За тоа ни требаат средства и човечки капацитети. Не е исклучено да се појави и уште некоја депонија, иако е малку веројатно. Работиме по добиените информации, нема да бегаме од одговорноста – потенцира тој.

Работната група за решавање на проблемот со канцерогениот линдан подготвила извештај за реализирање на активности и планирани активности за ремидијација на депониите контаминирани со изомерите на линдан. Извештајот овие денови ќе биде ставен како точка на дневен ред на владата со заклучоци и доколку бидат одобрени од владата, во следниот период ќе се работи по нив.

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW